Викторија и Оле

Задоволство ни е да ја споделиме прекрасната и интересна приказна за Оле и Викторија. Хероите од приказната се запознаа на Anastasia и нивното познанство започнува од најобична кореспонденција на 25. мај 2009 г. Тој датум воедно е и роденден на Викторија што е многу интересно за нивната љубовна приказна. Подоцна, тие остануваат во кореспонденција во текот на следната година и пол. Исто така, тие започнуваат често да се среќаваат и нивната врска продолжува да се развива во следните речиси 4 години! Тоа се годините за време на кои тие имаат можност да си ги проверат сопствените чувства. Конечно, тие стапуваат во брак на 14. септември 2013 година. Тие се свршуваат и официјалната церемонија ја прават во Данска (од каде што Оле потекнува) во февруари и јули. Свадбата на која присуствуваат 40тина гости од Данска и роднини, пријатели на семејството на Викторија се одржува во Одеса во еден од најубавите хотели - Лондонскја.

Приказната за оваа двојка е навистина интересна бидејќи за време на нивната долга врска пред стапувањето во брак, тие раскажуваат за нивната љубов, трпение, мудрост. Нивната зрелост и посветеност еден кон друг им помогна да го надминат растојанието.

Двојката патува низ светот пред да донесат одлука за склучување брак. Викторија исто така ја посетува својата нова идна татковина, Данска, каде што и тие се свршуваат.

Вика и Оле се познаваат толку добро еден со друг што ни раскажаа дека нивниот брак ги исполнува и дека им посакуваат на сите други луѓе да ја направат вистинската одлука за брак. Тие имаат заеднички вредности, интереси и животни цели. Тие велат дека се сродни души и дури и обајцата се родени во текот на една година на змејот. Нивната врска се развива на взаемна почит и вистинска љубов. Тие ги надминуваат јазичните бариери бидејќи Оле научува руски, а Викторија англиски јазик. Но како што самите велат, нивниот заеднички јазик е јазикот на љубовта и взаемното разбирање. Ги прашавме колку пати се сретнале пред свадбата, а тие се насмевнаа и ни кажаа дека не може да кажат со сигурност бидејќи се среќавале речиси секој втор викенд во текот на три години.

Церемонијата за свадбата беше светол пример за едно прекрасно спојување на двајца луѓе од различни култури и нации. Триумф на љубовта и вербата во пријателството. Оле ни кажа дека тој уште од почетокот знаел дека ќе го освои срцето на Викторија и тој е искрено и вистински благодарен на интернет-страницата на Anastasia за оваа можност да ја најде својата сродна душа. Викторија ни кажа дека дури и да им било пишано да бидат заедно, сепак можеби би ја пропуштиле шансата без Anastasia.

Викторија - Одеса, Украина
Оле - Данска

Татјана и Нарес

Секој го живее својот сопствен живот и секој си има своја приказна. Мојата приказна започнува овде, на интернет-страницата на Anastasia во февруари 2013 година.

Веднаш штом се запознавме со мојот иден сопруг, и двајцата почувствувавме спојување на нашите души. На почетокот разменувавме текстуални пораки постојано и се јавувавме еден на друг но, за жал, не почувствувавме хемија меѓу нас и како резултат, судбината не раздели. Не се гледавме и не разговараме речиси една година. Секој од нас го живееше својот живот на сопствен начин. Но, еден ден, кога се соочивме после целото тоа време, не можевме да го занемариме и моравме да си дадеме втора шанса еден на друг.

Колку повеќе научував за него, неговите животни навики, толку повеќе сфаќав дека првиот впечаток беше лажен. Потоа, се се случи како во најдобрите љубовни романи: средбите зачестија, состаноците беа романтични - „само ние двајцата“. Неговите родители ги засакав веднаш штом ги запознав.

Понекогаш се случува во нашите животи, по одредено време да сфатите дека тоа е човекот на вашите соништа кој сте го посакувале цело време. И највозбудливо е тоа што и тој го мисли истото! Мојот сакан ме покани на вечера во прекрасен ресторан каде во полузатемнетата атмосфера и нежна музика се создаде многу романтична атмосфера. Во почетокот, само разговаравме, уживавме во нашата средба и, откако го донесоа виното, тој слатко се насмевна и ми подаде мала округла кутија. Тоа беше највозбудливиот момент во мојот живот. Целта заради која дојдов на оваа интернет-страница беше да го најдам својот животен сопатник и мојот сон наскоро се оствари.

Не плашете се да се обидете да направите нешто ново и да им дадете на луѓето втора шанса. Јас сум многу среќна и ви го посакувам истото и вам. Создајте ја својата среќа со AnastasiaDate!

Татјана — Киев, Украина
Нарес — Франција

Лен и Армине

Јас се викам Лен, а ова е Армине. Најпрво сакаме да изразиме голема благодарност до AnastasiaDate за тоа што не спои еден со друг. За мене, тоа беше еден долг пат... Но ќе ви кажам на сите мажи во светот дека ако сакате да сретнете вистинска дама, со семејни вредности и која е искрено заинтересирана за вас... Треба да го погледнете поднебјето на Источна Европа и Ерменија. Неслучајно ја споменувам Ерменија, не само заради тоа што мојата сорпуга е од Ерменка, туку и затоа што многу мажи се фокусираат на Украина и Русија, иако и таму можете да пронајдете многу убави и прекрасни дами, но овде, во оваа мала земја, со историски и културни богатства, има голем број жени што се многу искрени и вистински. Тоа е моето искуство. Сите мажи пред да дојдат треба да знаат и да ја разберат различната овдешна култура. Овде работите се поконзервативни. Дамите претпочитаат џентлмени. Знаете на што мислам кога ќе речам џентлмен. Навистина е прекрасно овде, дамите би сакале да им отворите врата и не ви приговараат што се обидувате да бидете вистински маж кој знае дека дамите се дами и дека уживаат во тоа, како и тоа да се облекуваат во фустани и сл. Затоа, имајте предвид дека треба да ја осознаете културата. Постојат голем број информативни интернет-страници и книги, но јас ви предлагам, пред да дојдете, не мислете дека доаѓате само на секс-турнеја или нешто слично. Уживајте во културата, уживајте во својата дама и бидете искрен и сериозен во врска со тоа. Дамата ќе ве сака заради тоа. Ова ви го кажувам со сигурност. Има неверојатни дами, особено овде, во Ерменија. Ова е Армине, мојата сопруга.

Геир и Ирина

Конечно, можеме да кажеме дека нашата приказна има многу среќен крај. Ние се венчавме неодамна во градот од кој што доаѓа Ирина. Не можеме да опишеме колку многу сме среќни. Ние вистински сме вљубени еден во друг и не можеме да ги замислиме нашите животи еден без друг. Навистина би сакале да изразиме огромна благодарност до AnastasiaDate за нивната услуга. Нема нешто што не е возможно, мажот едноставно треба да ја избере вистинската жена, да ја почувствува и да дојде и да ја посети.

По нашите средби и патувања еден кај друг, сфативме дека ни е пишано да сме заедно и на Божик, решивме да се венчаме. Исто така, секојдневно се слушавме по телефон.

Нашата свадба се одржа на 4. јуни. Тоа беше навистина меѓународен настан. Гостите од Норвешка најдоа заеднички јазик со Украинците и станаа вистински пријатели. За нив беа воочливи традициите на обете наши држави.

Секој можеше да види колку сме среќни. Штотуку се вративме од нашиот меден месец во Турција каде што имавме неверојатно патување долж јужните плажи на земјата. Без граници меѓу нас, само чувства и взаемна почит. И среќниот живот не очекува. Ирина ќе работи како фармацевт во Норвешка откако научи норвешки јазик со тутор, а потоа, и нејзиниот син ќе ни се придружи. И ќе имаме големо и среќно семејство. Заедно ќе ги надминеме сите предзивици.

Just go for your dream and this site can help you!! Because many Ukrainian ladies are also lonely and looking for love and wedding with a happy end.